Спорт
КК Гостивар немоќен против Пелистер 61-84
Кошаркарите на Гостивар го загубија дерби натпреварот против првопласираниот Пелистер. Битолчани му го нанесоа четвртиот пораз во серија на Гостивар, совладувајќи ги вечерва во Младост со резултат 64-81.
Дуелот беше изедначен само во почетните минути од натпреварот, по што гостите од Битола ја презедоа иницијативата, доаѓајќи до двоцифрена предност во вториот период, на полувреме се замина со резултат 30-42.
Истиот однос на силите се преслика и во вториот дел, Пелистер не дозволи противникот да ја намали разликата под 10 поени, гостиварци и на овој натпревар имаа катастрофален шут за три, само 3 погодоци од 25 обиди што „зелените“ знаеа како да го искористат. Натпреварот заврши 64-81.
Малешевиќ беше најефикасен на теренот заврши со 20 поени, Кесар постигна 17, а Ѓуроски помогна со 16 поени. Додека кај Гостивар, најновото засилување Гетлинг, кој одира скоро 39 минути постигна 18 поени.
КК Гостивар на коло пред крајот на регуларниот дел, сѐ уште „виси“ за влез во топ 6. Исходот зависи од резултат на утрешниот натпревар помеѓу МЗТ Скопје и Феникс, како и резултатот во последното коло против Кожув.
Пелистер во Супер-лигата ќе стартува како прв.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот