Вести
Влезниците за КК Гостивар – МЗТ Скопје пуштени во продажба, по иницијатива на поддржувачи на КК Гостивар
По немилиот настан кој се случи вчера на кошаркарскиот натпревар помеѓу КК Гостивар и КК Пелистер, по што КФСМ денеска изрече финансиски казни на двете страни, група поддржувачи на КК Гостивар покренаа иницијатива за собирање средства, со кои ќе се обидат да му помогнат на клубот да ги подмири казните.
Впрочем, за натпреварот кој ќе се игра во среда против МЗТ Скопје без присуство на публика, на иницијатива на навивачите ќе бидат пуштени влезници во продажба. Влезниците ќе имаат симболична улога, но со купување на истите, секој ќе може финансиски да го помогне клубот да се соберат средства за казните.
„Сите видовме што се случи на натпреварот и на сите им е јасно кој беше виновник за несаканите сцени, најмалку што очекувавме Гостивар да добие вакви казни, но што е тука е. Ја правиме оваа иницијатива, да ја изразиме нашата поддршка и да овозможиме секој гостиварец да може да му помогне на клубот во оваа неправда. Влезниците за натпреварот со МЗТ Скопје ќе се продаваат во Бејби Блу, Булевар кафе, МАТ, Пинк Флојд и Боа Бар по цена од 50 денари. Ги повикуваме сите љубители на кошарката и сите гостиварци да купат што повеќе влезници, се разбира секој според можностите“, велат од иницијативата.
КК Гостивар доби казна од 165.000 денари, два натпревари без публика и суспензија на стручниот штаб.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот