Вести
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Денешниот натпревар помеѓу КК Гостивар и Пелистер кој се играше во спортската сала Младост, најверојатно ќе остане запаметен по инцидентот кој се случи. Се играше четвртата минута во последниот период, при резултат 65-62, кога после непромислен потег на еден од гостинските играчи, кој тргна вербално да се објаснува со домашната публика во салата, се создаде хаос.
Следуваше жестока реакција од присутните во салата, на што изреагира клупата на Пелистер, а еден од резервните играчите тргна да се пресметува со публиката, со што се уклучи црвениот аларм. На теренот од трибините полетаа разни предмети и еден го погоди гостинскиот тренер, по што падна на земја.
Откако му беше пружена лекарска помош стана и тргна да се пресметува со публиката, ја скрши клупата за резерви, но со интервенција на полицијата и дел од кошаркарите беше спречено натамошно ескалирање на ситуацијата.
Додека се случуваше безредието во Младост дел од играчите на Пелистер, ја гаѓаа домашната публика, која и самата возврати. Нашите созанија се дека има повредени и од двете страни.
Натпреварот се прекина за да се испразнат трибините.
Во Полициска станица се дел од играчите на Пелистер и тренерот.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022