Спорт
Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Во рамноправен и возбудлив натпревар кој беше прекинат поради инцидентот кој го одбележа натпреварот, гостите од Битола синоќа славеа против КК Гостивар 80-88.
Важноста на натпреварот се одрази на двете страни од самиот почеток, ниту една екипа не сакаше да го загуби натпреварот што резултираше со претпазлива и изедначена игра. Се играше на нерви и без некое значително резултатско одлепување, за на паузата да се замине со изедначен резултат 42-42.
Истото темпо се пренесе и во вториот дел, со минимална предност на домаќините кои по 30 минути, успеаја да ја наметнат својата игра, се до избувнувањето на инцидентот при резултат (65-62), после кој кошарката премина во втор план. Следеше 60 минутен прекин.
По прекинот и празнењето на трибините, официјалните лица донесоа одлука натпреварот да продолжи само со петорките кои биле во игра кога се случил инцидентот, со што казнети беа двете клупи поради влетување на теренот.
Во таа ситуација „пет на пет“ битолчани се снајдоа подобро, со серија на тројки успеаа да создадат сигурна предност која на крај беше доволна за победа на Пелистер 80-88.
Малешевиќ беше најефикасен на натпреварот со 20 поени, кај гостиварци најрасположен беше Тодоровиќ со 18.
Фото:
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022