Вести
Се предадоа 264 украински војници од челичарница „Азовстал“
Повеќе од 260 украински борци доцна синоќа се предадоа од опколената челичарница „Азовстал“ во Мариупол од кои 53 се ранети.
Украинската војска и претседателот Зеленски го потврдија истото, избегнувајќи да го користат зборот предавање, опишувајќи ја операцијата како обид да се спасат што е можно повеќе животи.
По повеќе часовни тајни преговори за кои не информираа ниедна од завојуваните страни вчера, украинските војници прифатиле да го предадат оружјето и бидат префрлени на руска територија.
Околу 53 ранети украински војници, кои доцна синоќа со автобус беа евакуирани од челичарницата, пристигнаа во градот Новоазовск под руска контрола. А другите 211 лица биле однесени во Оленивка, околу 80 километри на север.
Според руските медиуми, голем дел од нив се членови на неонацистичкиот полк „Азов“. Неофицијално во челичарницата има уште околу 600 украински војници.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија