Гостивар
Настан во Гостивар посветен на женското здравје: Жените да најдат време за редовни контроли и прегледи
Жените да посветуваат повеќе време и внимание на своето здравје и редовно да прават превентивни прегледи. Ова беше пораката испратена од вчерашниот настан што се одржа во Гостивар, по повод Меѓународниот ден на акција за женското здравје 28 Мај, воедно и Ден на менструалното здравје.
Припаднички на понежниот пол имаа прилика да слушнат стручни медицински совети и да се консултираат околу своите здравствени проблеми со докторките Маргарита Гавриловска и Слаѓана Максимоска, а добија и пригодни подароци.
„Самопрегледот, превенцијата и раното детектирање на болестите се многу важни. Во современото живеење жените се под голем притисок, растрчани меѓу семејството и кариерата, секојдневно со безброј обврски, но мора да посветат внимание пред се‘ на своето здравје и редовно да одат на прегледи.“, потенцираа докторките.
Настанот го организираше здружението When in Trouble, со цел да се подигне свеста кај жените за поголема грижа за здравјето и важноста на превенцијата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ