Култура
Утревечер во Гостивар премиера на претставата „Празен град“
Во Центарот за култура во Гостивар утре (28 јуни) премиерно ќе биде прикажана претставата „Празен град“ на албански јазик, од Дејан Дуковски, во режија на Андреј Цветановски.
„Се работи за претстава која ги прикажува животите на двајца млади луѓе, заробени во подрумот на животот. Не можејќи да излезат надвор, се забавуваат со работите што ги опкружуваат, а често се поставува прашањето: како да се исполни животот за да не ја чувствуваме празнината во која живееме, која ги поробува и заведува младите, како да го преживееме периодот на младоста, каде е изгубена нашата генерација, зошто не ни дава сигнали да живееме во хармонија и среќа, туку не удира со најнесаканото, несреќа што ние ја сакаме или не мора да ја прифатиме! Претставата се игра во импровизирана подрумска средина со остатоци што може да се импровизираат од отпадна хартија или нешто друго, што е всушност светскиот подрум“, велат од Здружението Фишта, продуценти на претставата, поддржана од Центарот за култура – Гостивар и Министерството за култура.
Улогите ги играат Арѓенд Хасани и Берат Салиу. Музиката и осветлувањето се на Хајдар Хајдари.
Премиерата е закажана со почеток во 20 часот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ