Поврзи се со нас

Занимливости

Ако сте родени на 29 февруари, науката вели дека сте 1 на 5,5 милиони луѓе во светот

Објавено

на

    Феноменот на престапна година и 29 февруари е проследен со бројни народни верувања кои со децении се востановени кај нас, но и во многу други култури во светот. Голем број луѓе овој датум, кој се случува секоја четврта година, го сметаат за мистичен и особено моќен, а оние родените на 29 февруари – различен од сите други и надарени со посебна среќа и интуиција.

    Веројатноста некој да се роди на 29 февруари е многу мала

    Колку луѓе знаете кои се родени на 29 февруари? Можеби една личност (ако се напрегате и се обидете да се сетите), но најверојатно и ниту една. Ако некогаш сте се запрашале зошто е тоа така, одговорот е многу логичен – затоа што веројатноста некој да се роди на тој ден е 1/1461. Доколку се направи пресметка на целото население во Светот, т.е 8 милијарди жители, ќе дојдеме до податок дека некој кој што е роден на 29ти февруари е еден на 5,5 милиони луѓе од целиот свет. Сепак, ова е само груба проценка и може да варира врз основа на специфичните демографија и правилата за престапна година.

    Родените на 29 февруари имаат шесто сетило за натприродни појави

    Нашите соседи односно српскиот народ верува дека луѓето родени на 29 февруари се надарени со исклучително силна интуиција и шесто сетило за натприродни појави. Се верува дека тие се и неверојатно способни и неверојатно креативни, со уникатни таленти вткаени во нивното битие. Исто така, се верува дека среќата секогаш ги следи во животот и дека и од сосема непредвидени ситуации секогаш се „извлекуваат“ без никакви последици. Како некој одозгора да ги гледа и чува во секое време, знаејќи колку се ретки и посебни.

    Кога луѓето родени на 29 февруари го слават својот роденден?

    Луѓето родени на 29 февруари можат да го прослават роденденот на тој ден само еднаш на секои четири години. Но, што се случува со преостанатите три? Секоја обична година роденденот го слават или претходниот ден, односно 28 февруари или следниот ден, 1 март. Во повеќето земји оваа одлука е препуштена на славениците. Сепак, постојат исклучоци. На пример, во цела Кина (освен Хонг Конг), како и во Нов Зеланд, ова прашање е законски регулирано, па родените на 29 февруари го слават роденденот на 28 во месецот кога е вообичаена година. Во Хонг Конг и Англија законот е поинаков – за да го прослават својот роденден, родените на 29 февруари мора да почекаат до 1 март.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 6 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 9 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 10 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 14 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 15 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 17 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 19 часа

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 20 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 1 ден

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена