Поврзи се со нас

Гостивар

„Анти коцкање“ во Гостивар: Коцкањето е лавиринт во којшто лесно може да се заглави, итно да се донесе нов закон

Објавено

на

Импровозиран лавиринт којшто претставува казино, со пишани пораки за штетноста од коцкањето, слики и видеа коишо ја прикажуваат мрачната страна на овој порок, денес беше поставен на плоштадот во Гостивар. Активноста ја спроведе движењето „Анти коцкање“ кое подолго време води кампања за изменување на Законот за игри на среќа, со што казината и обложувалниците би се лоцирале надвор од населените места, а 5% од приходите би се издвојувале за реновирања на училишта, градинки, болници.

„На овој начин искажуваме револт и протестираме поради недонесување на законските измени за игрите на среќа. Исто така, и да извршиме еден вид на притисок, што побрзо да се изгласаат измените. Коцкањето е лавиринт во кој лесно може да се заглави. Како што е денешната симулација на казиното-лавиринт во којшто се претставени слики и видеа што ги покажуваат сите проблеми кои ќе го снајдат човекот, доколку го има овој порок.“, рече Џемал Абдиу, претседател на Движењето „Анти коцкање“.

Абдиу вели дека оствариле средби со сите институции, лидери на политички партии, пратеници, премиерот и претседателот, од каде добивале зборови на поддршка. „Волја постои, но од зборови треба да преминат на дела“, нагласи тој.

Гостиварци дадоа поддршка на кампањата против коцкањето и на воведување поголем ред во работата и функционирањето на казината и обложувалниците. Своите пораки и потписи граѓаните  ги оставаа токму на импровизираното казино на плоштадот.

Според информациите на движењето над 50% од зависниците од коцкање и игри на среќа, размислувале да си го одземат животот, а 15-тина% од нив направиле и  обид за самоубиство.

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 6 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 8 часа

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 11 часа

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 13 часа

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 1 ден

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 1 ден

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 1 ден

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 1 ден

Советот на Општина Гостивар одобри јавно-приватно партнерство за поставување соларни панели на општински објекти

Гостиварпред 2 дена

Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена