Здравје и убавина
Антидепресивите предизвикуваат бесчувствителност

Антидепресивите предизвикуваат „емоционална бесчувствителност“, според истражувањето кое нуди нови сознанија за тоа како лековите можат да делуваат и нивните можни несакани ефекти. Трудот посочува дека самите лекови (и тоа од оние што се најкористени) може да предизвикаат „отапеност“ на емоциите кај човек.
– Овие лекови одземаат дел од емоционалната болка кај луѓето со депресија, но за жал, се чини, отстрануваат и дел од убавите чувства. Овие наоди би можеле да им помогнат на пациентите да направат поинформиран избор на лекови. Но, од друга страна, нема сомнеж дека антидепресивите се корисни за многу пациенти, појаснува професорката Барбара Сахакијан од Универзитетот Кембриџ, една од авторите на студијата.
Истражувањето, објавено во списанието „Невропсихофармакологија“ (Neuropsychopharmacology), било спроведено на 66 доброволци во текот на три седмици. Тоа покажа дека „отапувањето“ на емоциите може да биде една несакана последица од лековите против депресија.
Според Националната здравствена служба, на повеќе од 8,3 милиони пациенти во Англија им бил препишан антидепресив во текот на 2021 – 22 година.
Сахакијан вел и дека овие наоди би можеле да бидат корисни за пациентите, како и за третирањето и на посериозни болести.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава