Поврзи се со нас

Гостивар

Апелациониот суд во Гостивар денес беше домаќин на студенти по право

Објавено

на

Студенти по право денеска беа гости на Апелациониот суд во Гостивар и имаа можност одблиску да се запознаат со работата и функционирањето на оваа институција. Претседателот на Апелација, Шефајет Хајдари, најпрво ги информираше за формирањето, почетоците на судот, организацијата и надлежностите, а потоа одговараше на нивните прашања.

Посетата на младите правници во Апелација се организираше во рамки на одбележувањето на Европскиот ден на граѓанската правда.

„Денешниот датум, 25 октомври се одбележува како Европски ден на граѓанската правда, во сите држави во Европа. Целта е правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со начинот на нејзиното спроведување, со тоа се обезбедува широк пристап до правдата за граѓаните и пошироката јавност. Интенцијата е да им се овозможи на граѓаните одблизу да бидат запознаени со нивните основни права од повеќе области, како што е семејно, право на сопственост, наследување, договорно право, авторско право и слично. Задоволство ми е што сме домаќини на овие млади луѓе и имаме можност да ги запознаеме со нашето работење.“, рече Хајдари.

Студентите ги разгледаа и судниците и другите простории, а се распрашуваа за текот на судските постапки, начинот на работа на судиите, можноста за пракса и слично.

Апелациониот суд во Гостивар е формиран во 2007-ма година. Надлежен е да постапува по жалби на донесени одлуки од првостепените судови во Основиот суд Гостивар, Тетово, Дебар и Кичево.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена