Поврзи се со нас

Култура

Промоција на “Бесмртно” од Слаѓана Брезовска

Објавено

на

14741757_10154102353939053_154644786_nВикендов што следи, поточно на 22-ри Октомври (сабота), 19:00 часот во кафе пицерија “Пијано” ќе се одржи промоција на поетската книга “БЕСМРТНО” од авторката Слаѓана Брезовска.

Нашата сограѓанка на претходно објавениот Конкурс од “Клубот на писатели Коста Солев – Рацин” од Велес во конкуренција од над дваесет пријавени необјавени стихозбирки во август годинава ја понесе третата награда. За нејзината втора по ред поетска книга Брезовска вели:

“Ми претставува огромна чест и радост што токму во срцето на Македонија, во родниот град на еден од најголемите поети на нашата држава Коста Солев – Рацин се закитив со првата моја награда за творештво. Датумот кој го одбрав за промоција на мојата книга (22-ри Октомври) е воедно и денот кога за прв пат ја задишав овоземноста. Не само што ќе ја прославувам наградата за стихозбирката туку ќе го прославувам и ЖИВОТОТ кој е впрочем и поднаслов на стихозбирката “БЕСМРТНО”. Ги поканувам сите искрено насмеани гостиварци, љубители на пишаната уметност да ме почестат со своето присуство и да се радуваат заедно со мене. Посакувам секој да може да ја почувствува мојата радост!”

Книгата содржи 50 песни чиј главен мотив се животот и љубовта. На промоцијата ќе присуствуваат повеќе гости од македонската книжевна фела. Во пријатен амбиент ќе се читаат песни од стихозбирката “Бесмртно”.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена