Гостивар
„Безбедно лето 2023“ во Гостивар и Тетово: Превенција против пожари, пукање и во сообраќај

Отсекот за превенција на СВР Тетово ги заокружува планираните превентивно-едукативни и информативни активности со советодавните групи на граѓани, кои стартуваа во мај годинава под мотото „Безбедно лето 2023“ . Досега веќе се одржани триесетина средби на овие советодавни групи, на кои се расправало за три теми, и тоа: спречување пожари на отворен простор и шумски пожари, превенирање на употребата на огнено оружје и пиротехнички средства на свадбени и други семејни свечености и безбедно учество на земјоделската механизација во сообраќајот.
„Полициските службеници на овој Сектор ги запознале членовите на советодавните групи како и што треба да прават за да се намалат ризиците од избувнување на пожари во летните месеци и во однос на употребата на оружје на свадбени и други свечености, а им укажале и на земјоделците на сите законски поединости околу безбедно движење на тракторите, комбајните и другата механизација од и кон полошките ниви по регионалните и локалните патишта. Советодавните групи на граѓани имале можност непосредно да се информираат и за законските импликации доколку не се почитуваат, односно се кршат одредбите на соодветната регулатива.“, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
Во наредниот период вакви средби, чиј носител и натаму ќе биде Отсекот за превенција, предвидени се и со советодавните групи на граѓани во урбаните заедници на Тетово и Гостивар.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!