Гостивар
„Бјонсе“ го помести терминот – КК Гостивар и МЗТ 2 ќе играат во петок од 19 часот
Петнаесеттото коло од најелитното кошаркарско натпреварување во земјава ќе го отворат во петок екипите на КК Гостивар и МЗТ 2.
Овој несекојдневен термин за кошарка во Гостивар е по „вина“ на Донован Доналдсон. Имено, како ни објаснија од кошаркарскиот клуб американецот изразил желба да ја искористи репрезентатаивната пауза и веднаш по натпреварот одлета за САД како би ја видел „Бјонсе“. Инаку „Бјонсе“ е девојката на Доналдсон, чие вистинско име е Бриана, а во КК Гостивар помеѓу пријателите и играчите е „Бјонсе“. Сите во клубот се сложија дека на Дон, мора да му се излезе во пресрет.
Па така, утре во петок со почеток од 19 часот ќе се сретнат второпласираната и последнопласираната екипа на табелата. После шок поразот на гостиварци во Гевгелија, „младите штркови“ доаѓаат во вистински момент. Гостиварци имаат 10 победи и 4 порази сезонава, додека младата екипа на МЗТ 2 сеуште нема победа во ова натпреварување. После ова коло следи тринеделна пауза поради обврските на репрезентацијата.
Овој натпревар гостиварската публика го очекува со големо нетрпение и поради најновата инвестиција на КК Гостивар, американскиот центар Ентони Ли. Ли пристигна пред неколку денови во Гостивар, од клубот велат дека се е подготвено за деби на новата „петка“, се чека само дозвола од ФИБА.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар