Здравје и убавина
Благодетите на маслинките за здравјето се бројни
Антиоксидативните материи во маслинките ја спречуваат оксидацијата на холестеролот и на тој начин го спречуваат создавањето наслаги на ѕидовите на крвните садови. Исто така, маслинките содржат такви масти, за кои е докажано дека го намалуваат високиот крвен притисок.
Некои студии имаат покажано дека маслинките можат да штитат од остеопороза, во која коските стануваат кршливи или слаби.
Маслинките се исто така идеална храна кога станува збор за слабеење. Имено, истражувањата покажале дека доколку заситените масти (путер, млеко, сланина и сл.) ги замениме со мононезаситени масти кои се наоѓаат во маслинките, поттикнуваме слабеење.
Дополнително, докажано е дека маслиновото масло ги разградува мастите во масните клетки, што го поттикнува топењето на мастите во стомакот и ја намалува чувствителноста на инсулин.
Конзумирањето маслинки во целина или користењето маслиново масло за одредени оброци може да помогне да се заштитите од разни здравствени проблеми.
Маслинките се богати и со витамин Е, кој може да го подобри здравјето на кожата и да му помогне на вашиот имунолошки систем.
Здравствени придобивки
Здравје на срцето
Бројни студии покажаа дека консумирањето маслиново масло, особено екстра девствените сорти, може да го намали ризикот од срцеви заболувања и смртност кај луѓето кои се изложени на висок ризик од оваа состојба.
Намалување на ризикот од рак
Маслинките го содржат соединението олеокантал, за кое студиите имаат покажано дека може да ги убие клетките на ракот. А консумирањето маслиново масло може да го намали ризикот од рак, вклучувајќи го и ракот на дојката.
Помал ризик и третман на когнитивни болести
Олеоканталот во маслинките и маслиновото масло е поврзан со намален ризик од Алцхајмерова болест и други болести поврзани со мозокот. Ова соединение ја зголемува и активноста на лекот донепезил, кој се користи за лекување на деменција.
Превенција на дијабетес
Истражувањата покажуваат врска помеѓу консумирањето маслиново масло и спречувањето на дијабетес тип 2 со помагање на телото да ја регулира гликозата (шеќерот). Нерегулираната гликоза може да доведе до развој на дијабетес тип 2.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија