Во Израел, повеќе од половина од населението од 9,3 милиони жители досега примиле две дози вакцина против коронавирус, соопштуваат израелските власти. Брзото спроведување на имунизацијата придонесе Израел прв да започне со укинување на строгите ограничувачки мерки воведени за борба против епидемијата, пренесува Ројтерс.
Дистрибуцијата на вакцината Pfizer во Израел започна во декември, а сите граѓани над 16 години можеа да ја примат. Се смета дека оние кои ја примаат една недела по втората доза се целосно заштитени од можна инфекција.
Друг доказ дека пандемијата во Израел е при крај е болницата Ихилов во Тел Авив која во понеделникот објави дека го затворила последниот активен оддел за третман на пациенти со коронавирус, по падот на бројот на заразени во Израел.
„Се враќаме да им служиме на нормалните пациенти, кои немаат коронавирус “, информираат од болницата Ихаилов. Земјата моментално има околу 10.700 активни случаи на ковид.
Израел целосно вакцинираше повеќе од половина од својата популација и е на работ на пост-пандемиска „нормалност“. Баровите се отвораат, стадионите се полнат, вакцинираните полека ги вадат маските, а израелската економија ги чувствува и првите придобивки од брзата вакцинација.
Светските медиуми се повеќе ја емитуваат атмосферата од улиците на израелските градови преполни со луѓе, а сликите од Израел даваат надеж дека животот во остатокот од светот наскоро ќе започне да се нормализира.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK