Гостивар
Буковите шуми на Длабока Река во Маврово признати за Светско природно богатство

Буковата шума која се наоѓа по течението на Длабока Река, која е дел од Националниот парк Маврово впишана е на Листата на светско наследство на природата на УНЕСКО. Локалитетот Длабока Река на планинскиот масив Кораб со недопрената букова шума што се карактеризира со природни процеси што речиси се недопрени од човекот во последните 100 години, е призната за Светско природно богатство на УНЕСКО на антички и исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа. Одлуката за проширување на постојното транснационално природно наоѓалиште на букова шума во Европа, Комитетот на УНЕСКО ја донесене на вчерашната проширената 44-та сесија со која претседаваше Фужоу (Кина).
Длабока Река е второ природно добро од земјава што се најде на листата на УНЕСКО, по Охридскиот Регион кој е прогласен за мешано наследство, природно и културно.
Номинацијата ја иницираше Министерството за животна средина и просторно планирање и Јавната установа Национален парк Маврово, а е изработена со поддршка на Институт за екологија од Клагенфурт, Австрија и национални експерти.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар