Здравје и убавина
Чај и сок од дуња, овошје со повеќе витамин Ц од лимонот

Дуњата содржи изобилство на витамини, а во народната медицина се користи со децении. Примарно се користи за ублажување на кашлицата и за смирување на стомачни тегоби.
Благодарение на танинот и слузот, дуњата благотворно делува на работата на цревата и спречува разни заразни болести. Пектинот влијае на кардиоваскуларниот систем, помага во намалувањето на крвниот притисок и обезбедува заштита од радиоактивно зрачење. Самиот плод е здрав, но исто така здрави се и семките и листовите.
Дуњата може да се јаде свежа, но неа не може секој да ја јаде затоа што е груба, па многу од неа прават сокови, компоти и сирупи кои се подеднакво ефикасни за отстранување на разни здравствени проблеми.
Плодот на дуњата е богат со многу витамини и минерали. Содржи витамин Ц во големи количини, дури и повеќе отколку што може да се најде во лимонот, потоа витамините Б1, Б2, ниацин, каротин, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, хлор и сулфур. Покрај тоа, содржи протеини, диетални влакна и јаглехидрати.
Чај од дуња
Најефективен дел од дуњата се семките од кои се прави чајот, бидејќи кога стојат во вода, семките ослободуваат слуз што ги решава проблемите со кашлицата и го чисти респираторниот систем. Освен тоа, содржат големи количини на амигдалин, односно витамин Б17, а богати се и со масти, танини, пектин, шеќери, емулсин и протиди.
За подготовка на чај од дуња потребно е семките од дуњата да се прелијат со врела вода, да се остават да отстојат неколку минути и потоа да се испие чајот.
Сок од дуња
Сокот од дуња помага при кашлица, астма и дијареа, додека за анемични лица се препорачува печена или варена дуња, но и за лекување на воспаление на слузницата на желудникот и цревата. Може да помогне и при обилна менструација.
За да го подготвите сокот од ова овошје, прво измијте и ситно изрендајте килограм дуњи, а потоа процедете ги низ газа. Сокот испијте го веднаш бидејќи брзо оксидира, а најдобро е да се пие пред јадење.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос