Македонија
Четврта сезона на проектот „Ги запознаваме ретките болести“

Од 1 февруари стартува четвртата сезона активности што заеднички ги спроведуваат здруженијата „Живот со предизвици“, „Ретко е да си редок“ и охридското „Супер радио“ за запознавање на јавноста за ретките болести во земјата.
Целта е подигање на гласот за проблемите со кои се соочуваат лицата со ретки болести, но и нивните семејства. Оваа година се заокружуваат точно 111 обработени дијагнози за запознавање на јавноста со ретките болести. Преку соодветни текстови, видео и аудио записи и годинава во февруари јавноста ќе биде запознаена со некои ретки заболувања.
Проектот стартуваше во 2019 година и е од информативно-едукативен карактер. Во неговата реализација се вклучени афирмирани професори и доктори од целата држава. Во рамки на проектот се спроведува и кампањата за Денот на ретки болести, наменет за пошироката јавност и релевантните институции, со повик кон сите заинтересирани субјекти – од пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи до фармацевтската индустрија и јавните здравствени институции – да се вклучат и да станат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите