Поврзи се со нас

Вести

Центарот за заразни болести и превенција на САД ја намалува изолацијата на 10 дена

Објавено

на

Центарот за заразни болести и превенција на САД (CDC), минатата недела ги обнови препораките околу ковид-19 базирајќи се на новите податоци и како наведуваат проширеното разбирање околу вирусот, пишува The Washington Post.

Во документот на „CDC“ се наведува дека третирањето во иднина да се спроведува според симптомите на пациентот, а не според резултатите од тестот. Со тоа намалувајќи го непотребното време поминато во изолација и отсуство од работа и сл.

Во документот стои дека SARS-CoV-2, вирусот кој предизвикува ковид-19, е толку нов вирус што лекарите сеуште собираат докази како вирусот функционира. 

„Немавме ваков вид на податоци во раните денови на пандемијата. Сега тие навистина се придвижуваат кон препораките од науката, како информациите се потврдуваат со науката така ги применуваме “, вели д-р Роџер Шапиро, професор по имунологија и заразни болести на Школата за јавно здравје на Харвард.

За оние кои имаат позитивен тест, но се асимптоматски, Центарот за заразни болести и превенција на САД заклучно со петок препорача да се изолираат 10 дена од датумот на тестирање. Луѓето кои имаат благи до умерени симптоми, може да излезат од изолација после 10 дена и без тестирање вратат на работа.

„Ковид-19 е незгоден вирус со тоа што пациентите се чини дека најмногу се заразни два до три дена пред да започнат да покажуваат симптоми“, вели Шапиро.

Една голема студија во Тајван, цитирана од CDC, покажа дека луѓето имаат поголема веројатност да се заразат со ковид-19 ако биле во контакт со некој кој бил позитивен во првите пет дена. Таа студија не открила случаи на инфекција на лице кое било во контакт со позитивен после шестиот ден од почетокот на болеста.

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена