Технологија
Дајмлер повлекува 60.000 возила на преправка во Германија
Германската агенција за автомобили (KBA) го принуди Дајмлер да повлече во сервис на поправка 60.000 дизел автомобили во Германија.
Имено, тие се сомневаат дека производителот вградил софтвер за манипулација во контролата на издувни гасови.
Производителот на автомобили е под истрага од германските власти поради моделите Mercedes-Benz GLK 220 CDI, произведени помеѓу 2012 и 2015 година.
Софтверот кој е вграден ја намалува емисијата на штетни честички во издувните гасови само за време на контролата, а потоа се исклучува, така што возилата на патот испуштаат повеќе штетни гасови одошто е дозволено.
Минатата година, германските власти му наредија на Дајмлер да повлече на корекција 700.000 возила продадени низ целиот свет, вклучувајќи ги и 280.000 во Германија, за отстранување на нелегалниот софтвер.
Компанијата се пожали на оваа одлука
На Дајлмер, државниот обвинител од Штутгарт им се закани со финансиски санкции поради дизелскиот скандал.
Истрагата за низа такви скандали започна во Германија во 2015 година, кога Фолксваген прв призна дека со лажен софтвер опремил 11 милиони возила, од кои 2,4 милиони биле продадени во Германија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар