Здравје и убавина
Дали најчестите „здрави навики“ се заблуда?

Новите медицински истражувања покажале дека навиките кои со години се промовираат како здрави, всушност се заблуда.
Едно неодамнешно истражување во кое биле опфатени 4 илјади Американци покажало дека многу постапки за зачувување на здравјето немаат такво влијание какво им се припишува. Списокот на тие навики не е краток. Меѓу нив спаѓаат:
Храна со ниска содржина на масти
Студиите покажуваат дека тие што се придржуваат на исхрана со малку маснотии немаат помал ризик да заболат од срцеви болести и рак од оние кои конзумираат храна со редуцирани масти. Вистината е дека природните масти што се наоѓаат во рибата и јаткастите плодови се најдобри за човечкиот организам.
Индекс на телена маса
Одредувањето на ИТМ врз основа на телесната тежина и висина не е најдобар показател дека сте во добра форма, бидејќи проценката зависи и од односот на мускулната маса и масното ткиво, како и односот на обемот на струкот и колковите.
Избегнување на глутен
Нема докази дека глутенот му штети на здравјето, освен ако не е дијагностицирана целијакија, односно глутенска ентеропатија.
Замена на кравјото млеко со бадемово
Една чаша бадемово млеко содржи околу два проценти протеини. Во тој поглед, природното кравјо, козјо или овчо млеко се многу подобар извор на протеини.
Користење на блендер
Ако го конзумирате овошјето и зеленчукот само блендирани, тоа го намалува нивното нутритивно значење.Со блендирањето се уништуваат диететски влакна кои се клучни за здравата исхрана.
Отфрлање на жолчката од јајцето
Жолчката од јајцето не може значително да влијае на зголемувањето на холестеролот. Па затоа, ако немате проблеми со нарушени маснотии во крвта, тогаш може да јадете цело јајце, а не само белката.
Задржување на здивот
Кога некој кашла или ќе кивне, а притоа не ја става раката на носот и устата, бактериите влегуваат во воздухот со брзина од неколку десетини илјади метри во секунда. Затоа, задржување на воздухот не е метода со која ќе се заштитите од инфекција.
Претерување со витамин Ц
Витаминот Ц несомнено ги подобрува одбрамбените механизми на организмот, но ако се внесува претерано може да предизвика дијареа, вртоглавица, глвболка, па дури и аритмија. Максималната дневна доза за возрасни изнесува 2.000 мг.
Мултивитамински препарати
Земањето разни витамини и минерали на своја рака може само да штети. Ако има потреба за додатоци тоа треба да се направи по совет на доктор, после направени анализи кои покажуваат дефицит од некои минерали и витамини. Покрај тоа, докажано е дека витамините и минералите од храната се многу позначајни за одржување на здравјето од оние што се синтетизирани во некој препарат.
Да се избегнува „пукање“ на прстите
Иако владее мислење дека пукањето на прстите е лошо за зглобовите на дланката, новите истражувања покажуваат дека оваа навика всушност е добар начин да се „подмачкаат“ тие зглобови.
Детоксикација на организмот
Гастроентеролозите се согласуваат дека не постои ниеден „брзопотезен“ режим на исхрана кој може да го очисти организмот од токсините. Таа функција ја имат единствено црниот дроб и бубрезите. Тоа што е најважно е редовна правилна исхрана и избегнување на лошите навики, од кои најчести се пушењето и алкохолот, додека изгладнувањето поради наводна детоксикација на телото и драстичното редуцирање на исхраната можат само да наштетат.
Во соработка со Е наука
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!