Вести
Интервју со Даниел Ѓорѓески: Никогаш не се откажувај од својот сон
Гостивар од секогаш изобилувал со спортски бисери кои се натпреварувале во големи клубови, во сите спортови. Дека таа традицијата се одржува пример ни е младиот ракометен голман на РК Вардар Даниел Ѓорѓески. Доволен беше еден натпревар за првиот тим на РК Вардар во СЕХА лигата да го запознае целата ракометна јавност. Со фантастичните одбрани дваесет и две годишниот гостиварец ги освои сите љубители на ракометот во државава, посебно гостиварчани.
За својот ракометен пат, желбата да се биде успешен во овој спорт, младиот Даниел Ѓорѓески говори во интервјуто за Gostivarpress.mk.
ГП: Даниел зошто баш ракомет? Како и на колку години почна да тренираш?
Даниел Ѓорѓески: Ракометот го засакав уште од мал бидејќи татко ми е бивши ракометар и уште од мал одев на утакмици и го пратев ракометот. Имав голема желба да тренирам ракомет и на 13 годишна возраст почнав да тренирам во ракометниот клуб Јехона од Гостивар.
ГП: Раскажи ни за твојот ракометен пат, како стигна од Гостивар до РК Вардар?
Даниел Ѓорѓески: Од Гостивар заминав во екипата на МРК Вардар каде почнав да напредувам и да созревам како голман потоа продолжив екипата на Куманово каде поминав една година, од таму во екипата Работнички и сега повторно се вратив во Вардар.
ГП: Како ја откри својата позиција, дали од секогаш си на голот?
Даниел Ѓорѓески: Од секогш сум на голот, позицијата ми ја открија моите тренери и родителите кои ме разубедуваа да бидам голман и од првиот момент кога застанав на голот сватив дека не сум згрешил што ги послушав и дека тоа е мојата идеална позиција.
ГП: Член си на младинскиот клуб на Вардар РК Вардар Јуниор. Играчите во лигата во која се натпреварувате е иднината на Македонскиот ракомет. Kако гледаш на потенцијалот кај вас младите ракометари?
Даниел Ѓорѓески: Потенцијалот на младите ракометари во Македонија е во нагорна линија напорно се работи со младите играчи играме во најјаката лига во Македонија добиваме шанса за настап и во регионални натпреварувања што е поголемо искуство за нас и мислам дека квалитетот на Македонската репрезентација ќе продолжи и понатака.
ГП: Какво е чувството да тренираш со Штербик, Дибиров, Душебаев и останаите светски звезди?
Даниел Ѓорѓески: Да тренираш со имиња како што се Штербик, Дибиров и останатите е прекрасно чувство поголема мотивација постојано да давам се од себе како и на тренинзите така и на утакмиците, од нив може многу да се научи, а тоа е голем плус за мојот развој како играч и одговорност да се биде на едно врвно ниво.
ГП: Кај се гледаш за две три години? Кои се твоите планови?
Даниел Ѓорѓески: Моите планови за во иднина се да останам дел од најдобриот македонски клуб Вардар да бидам дел од првиот тим и да имам повеќе настапи во регионалните натпреварувања и да продолжам да работам напорно и да бидам дел од сениорската репрезентација на Македонија.
ГП: Колку често можеме да те видиме низ Гостивар. Каде и со кого најмногу сакаш да го поминуваш слободното време?
Даниел Ѓорѓески: Во Гостивар поминувам неколку дена во месецот обично за викенди кога сум слободен и тоа време го искористувам за одмор, да се видам со моите најблиски и накратко да се видам и со пријателите.
ГП: Што би им порачал на оние најмладите во Гостивар кои почнуваат да се бават со ракомет?
Даниел Ѓорѓески: На најмладите што сега почнуваатда се бават со ракомет би им порачал да се посветат многу на ракометот да се трудат на сите тренинзи да даваат 100%, да бидат дисциплинирани да ги слушаат советите од тренерите и никогаш да не се откажуваат од својот сон.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар