Гостивар
Дечињата од гостиварските градинки на гости кај градоначалникот, си ги кажаа своите барања со песна и транспаренти

Весела атмосфера со детски џагор, насмевки и песни утрово владееше во дворот на Општина Гостивар. Дечињата од гостиварските градинки со своите учителки ја посетија општината и беа гости на градоначалникот Арбен Таравари. Најмалите преку транспаренти и песнички ги пренесоа пораките за своите права: на образование, игра, мислење, развивање на таленти, чиста животна околина, здравствена грижа…
Активноста се организираше во склоп на Светската недела на детето.
„Посебна чест ни е што имаме специјални гости во нашата општина, децата од градинките. Тие имаат различни пораки, сите многу убави. На пример, бараат почист град, подобри услови во училиштата и градинките, здравствена заштита…Тоа се практично и барања на сите наши граѓани. Ние се обидовме до сега како општинско раководство да им овозможиме многу подобри услови и да направиме што повеќе детски катчиња и се надевам дека делумно ги исполнивме нивните барања. Но, доброто никогаш нема крај, можеме да направиме уште и во наредните години ќе работиме на тоа“, кажа градоначалникот.
Традиционално, првата недела од октомври се одбележува како Светска недела на детето, а ЈУДГ ,,Детска Радост“ Гостивар редовно се вклучува со активности. Годинава програмата содржи и ликовни активности со учество на родителите, ден за традиционални игри, музички хепенинг, како и посета на детска градинка во соседниот град Тетово.
Детската недела оваа година се одбележува под мотото ,,Јас и светот околку мене“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос