Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 25/05/2019 | 20:00

Денот на младоста – (не)заборавен празник

Повозрасните се сеќаваат, помладите имаат слушнато или прочитано за Денот на младоста, празник во времето на бивша СФРЈ со датум 25-ти Мај. На овој ден се одбележувал роденденот на доживотниот југословенски претседател, Јосип Броз Тито, роден 1892 година.

Прославата вклучувала млади момчиња и девојки од цела поранешна Југославија кои ја носеле штафетата на младоста низ целата земја за на крај на централната прослава да му ја предадат на другарот Тито. Последна младинка која му ја предава штафетата на Тито е Саниа Хисени, студентка од Пришитна, на 25 мај, 1979, една година пред неговата смрт.

Титовиот роденден како празник е прогласен со одлука на Централниот Комитет на тогашниот Сојуз на комунистичката младина на Југославија во 1945 година. Традицијата се одржувала се` до 1987 година.