Поврзи се со нас

Гостивар

Детален преглед на барањата на основните училишта во Гостивар за начинот на одржување на настава

Објавено

на

Советот на Општина Гостивар на утрешната седница ќе ги разгледува барањата на училиштата во Гостивар кои се однесуваат на начинот на одржување на наставата во новата учебна година. Конечната одлука за онлајн настава или со физичко присуство ќе ја донесе Владата.

Во продолжение детален преглед за сите основни училишта:

OOУ„Исмаил Ќемали“ врз основа на дописот бр. 04-321/1 од 11.09.2020г. поднесува барање за реализација на настава со физичко присуство од четврто до деветто одделение со образложение дека во ова училиште се обезбедени санитарно-хигиенски услови за одржување на лична и општа хигиена, опрделени со протоколи и број на ученици.

ООУЕдинство“,врз основа на дописот бр. nr 03-294/1од 10.09.2020г. поднесува барање за реализација на настава со физичко присуство од четврто до деветто одделение со образложение дека во ова училиште се обезбедени санитарно-хигиенски услови за одржување на лична и општа хигиена, опрделени со протоколи и број на ученици.

OOУЛирија“, с. Вруток,врз основа на допис бр. 0301-100 од 07.09.2020г. поднесува барање за реализација на настава со физичко присуство од четврто до деветто одделение со образложение дека во ова училиште се обезбедени санитарно-хигиенски услови за одржување на лична и општа хигиена, опрделени со протоколи, какои и мал број на ученици, вкупно 12 и поседување на доволни простории за реализација на онлајн настава согласно протоколите на Министертсвото за образование.

ООУЃон Бузуку“ с. Србиново врз основа на дописот од 10.09.2020г. поднесува барање за реализација на настава со физичко присуство од четврто до деветто одделение со образложение дека во ова училиште се обезбедени санитарно-хигиенски услови за одржување на лична и општа хигиена, опрделени со протоколи и мал број на ученици, како и поседување на доволни простории за реализација на настава од далечина во согласност со протоколите од Министерството за образование.

ООУ „Фаик Коница“ с.Дебреше, врз основа на дописот бр. 03-118 од 07.09.2020г. поднесува барање за реализација на настава со физичко присуство од четврто до деветто одделение со образложение дека во ова училиште има простор од 3230м2, 25 училници, паралелките се со помалку од 20 ученика и кои паралелки ќе се одвојат во две групи. Во училиштето се обезбедени санитарно-хигиенски услови за одржување на лична и општа хигиена, опрделени со протоколите.

ООУ „Форина“ врз основа на допис бр.0302-162, датум. 09.09.2020г. поднесува барање за реализација на настава со физичко присуство од четврто до деветто одделение со образложение дека во ова училиште се обезбедени санитарно-хигиенски услови за одржување на лична и општа хигиена утврдени според протоколите и малиот број на ученици каде што паралелките имаат помалку од 13 ученици.

ООУ „Чајла“врз основа на допис бр.03-162 од 09.09.2020г. поднесува барање за реализација на настава со физичко присуство од четврто до деветто одделение со образложение дека во ова училиште се обезбедени санитарно-хигиенски услови за одржување на лична и општа хигиена утврдени со протоколите и бројот наученици.

ООУПрпарими с. Чегране врз основа на допис бр.03-334од 07.09.2020г. поднесува барање за реализација на настава со физичко присуство од четврто до деветто одделение со образложение дека во ова училиште се обезбедени санитарно-хигиенски услови за одржување на лична и општа хигиена утврдени со протоколите и бројот наученици, а и просториите се доволни бидејќи натсавата се реализира во две училишни згради во две смени.

ООУ „Енвер Стафаи“, врз основа на допис бр.0302-79 од. 09.09.2020г. поднесува барање за реализација на настава со физичко присуство со образложение дека во ова училиште се обезбедени санитарно-хигиенски услови за одржување на лична и општа хигиена утврдени според протоколите. Музичкото училиште ги исполнува сите услови за реализација на настава и индивидуално и во групи. Училиштето исто така ја предвидело можноста и ги има испланирано распоредите за реализација на настава во две смени од 07:00 до 17:00 часот

ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“ врз основа на дописот 0302-311 од. 10.09.2020 година го поднесува барањето за реализација на настава со физичко присуство од четврто до деветто одделение во централното училиште, како и во подрачните училишта Долна Бањица, Горна Бањица и Здуње со образложение дека во ова училиште се обезбедени услови санитарно-хигиенско одржување на лична и општа хигиена утврдени според протоколите и бројот на ученици.

ООУ „Гоце Делчев“ врз основа на дописот 0302-149 од 09.09.2020г.поднесува барање за реализација на настава со физичко присуство за ПУ во с. Тумчевиште, во ова училиште обезбедени се санитарно-хигиенски услови за одржување на лична и општа хигиена утврдени според протоколите, училиштето е составено од две комбинирани паралелки од кои едната е со ученици од 1-3 одделение, а другата со ученици од 4-5 одделение и има доволно простор за физичко растојание. Што се однесува до централното училиште, бројот на паралчелки од 4-9 одделение е 39, а бројот на ученици по паралелки надминува 16, па затоа паралелките ќе треба да бидат поделени во две групи и ќе мора да се предвидат 4 смени, што е многу тешко за непречено одржување на настава и реализацијата на учењето е невозможна со почитување на протоколите. Централното училиште гледаат за сходно наставата од 4-9 одделение да се реализира Онлјан.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена