Забава
Децата полудеа по „фиџет спинер“
Секое детство на некој начин е одбележано од одреден вид на играчки, цртани херои, игри и слично, кон кои децата создаваат опсесија. Некои генерации се сеќаваат на играта тетрис, други на светлечките јојо топчиња, џамлиите, трети на „долга магарица“, „јанино јанино“ итн. Игрите и играчките кои го освојуваат вниманието на денешните деца, мора да се сложиме, се малку поинакви. Периодов, децата се опседнати со „фиџет спинер“. Оваа мала популарна „направа“ направена од пластика и метал, е составена од три перки кои се вртат околу кружен центар. Се држи токму на центарот, а се врти со прстите на перките. И толку. Нема понатаму. Ниту поинаку. Се држи и се врти. Играчката е толку едноставна, што е чудо како стана толку популарна, па секое дете, поголемо и помало ја има и ја сака.
Интересното е во целосната приказна за спинерот. Првичната верзија ја создала Кетрин Хетингер од Флорида и тоа уште во деведесетите години. Тој спинер имал кружна форма и вдлабнат центар кој се држи за вртење.
Идејата на Кетрин била да направи играчка која ќе им помага на луѓето во ослободување од стресот и ќе им ја одржи концентрацијата. Но, иако успеала да произведе спинери какви што замислила, Хетингер немала доволно пари да го патентира својот пронајдок, па години подоцна големите компании за детски играчки си ја позајмиле идејата и почнаа да го пласираат меѓу најмладата популација. За само неколку месеци, целата земјина топка е зафатена од фиџет спинер манијата.
Во слободен превод „фиџет спинер“ би значело „анти стрес вртач“ или „тркало против нервоза“. Но, околу прашањето дали и колку помага во смирување на умот и организмот, психолозите се поделени. Некои сметаат дека спинерот е благотворен и може да се користи дури и во терапија за аутизам, но други тврдат дека вртењето само дополнително произведува стрес и нервоза кај луѓето.
Како и да е, децата си најдоа нова забава, во која без сомнение уживаат. Родителите пак не негодуваат многу, со оглед на тоа дека спинерот нема висока цена од која боли глава. За да си ја направат покреативна играта децата си смислуваат натпревари во најдолго вртење, разни финти, оригинални начини на држење на играчката…
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди