Поврзи се со нас

Гостивар

Детски олимписки игри: Гостивар влезе во светското олимписко семејство

Објавено

на

Основци и младинци членови на спортски клубови од Гостивар денес се натпреваруваат во повеќе спортови во рамки на Детската олимпијада, која се одржува во спортската сала на гостиварското основно училиште „Исмаил Ќемали“. Настанот е во организација на Македонскиот олимписки комитет (МОК) и општина Гостивар, а е дел од светските олимписки активности, кои во текот на денешниот ден се организираат во над 200 градови во сите делови на земјината топка.

Олимпијадата во Гостивар свечено ја отворија градоначалникот Арбен Таравари и претседателот на МОК, Васил Тупурковски.

„Најголеми амбасадори и промотори на еден град и општина се спортистите, научниците и уметниците. Се заблагодарувам на олимпискиот комитет што го избра токму Гостивар за оваа спортска активност, која ќе трае цел ден. Ние како општина ќе правиме напори во периодот што следува да организираме што повеќе спортски настани за младите“, изјави Таравари.

Тупурковски им порача на младите што повеќе да се занимаваат со спорт во интерес на своето психичко и физичко здравје. „Нема подобар начин од спортот за да една личност се исполни целосно. Многу ни е драго што сме денес во Гостивар и се надевам дека таа соработка ќе ја продолжиме и понатаму“, рече тој.

Детските олимписки игри во Гостивар опфаќаат  натпревари во кошарка, одбојка, фудбал, а застапени се и кик бокс и карате спортовите.

Учесниците на Олимпискиот ден имаат можност да се дружат со своите идоли, врвни спортисти, гостиварецот Берат Јакупи, шампион во карате и легендата на македонската кошарка и претседател на КК Гостивар, Перо Антиќ.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 12 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 13 часа

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 16 часа

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 19 часа

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 2 дена

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 2 дена

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 2 дена

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 2 дена

Советот на Општина Гостивар одобри јавно-приватно партнерство за поставување соларни панели на општински објекти

Гостиварпред 2 дена

Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена