Вести
Дивоградби во Гостивар: Инвеститор сам си сруши градба, за да не плаќа плус трошоци
Уривањето на дивоградби во Гостивар продолжи денес со рушење на објект кај старото кино. Овојпат, инвеститорот сам го спроведе рушењето, за да ги избегне трошоците кои се наметнуваат доколку тоа го направеше фирмата ангажирана за таа намена од локалната власт.
Општина Гостивар ја започна акцијата за уривање на бесправни градби на својата територија вчера од населбата Питарница, каде беше срушен ѕид на локација предвидена за улица.
Градоначалникот Арбен Таравари рече дека ќе продолжат со акцијата и при тоа селективност нема да има.
„Прво ги замолуваме самите сопственици да си ја срушат дивоградбата, а ако не го направат тоа тогаш го прави фирмата што ја имаме ангажирано на тендер. Сакам да потенцирам дека не сме селективни, иако вчера бевме обвинувани дека се прави разлика дали сопствениците се Македонци, Албанци, Турци, Роми. За сите ќе бидеме исти.“, изјави градоначалникот.
Тендерот за рушење на дивоградби е тежок 2 милиони денари. За сега е предвидено да се отстранат пет до шест бесправни градби.
-
Гостиварпред 3 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград