Поврзи се со нас

Гостивар

Доајенот на македонското новинарство Киро Кипроски со нова монографија – „Светот без Македонија не е цел“

Објавено

на

Бардот на македонското новинарство и публицистика од Гостивар, Киро Кипроски го издаде своето 13-то дело. Станува збор за монографија со наслов „Светот без Македонија не е цел“ во која се поместени оригинални новинарски текстови, кои во времето кога настанале, авторот акцентот го става на актуелностите, анегдотите и заткулисните игри.

Монографијата од околу 300 страници е поделена во два дела. Првиот: Забележано необјавено и вториот: Наш став, каде се содржат текстови објавени во редакциски колумни на весникот Нова Македонија.

Книгата е посветена на 75-тиот роденден на Кипроски, а ќе биде промовирана во сабота (1 јуни) во Бигорскиот манастир со почеток во 12 часот. На промоцијата најавени се  обраќања на рецензентот Марјан Велевски-главен и одговорен уредник на Нова Македонија, уредничката на монографијата Светлана Вељановска-декан на правниот факултет во Кичево и авторот на делото.

Инаку, како што открива Кипрсоки, насловот „Светот без Македонија не е цел“ е произлезен од разговор со поетот академик Радован Павловски, кој зборувал за културно-историското значење и големина на Македонија.

Киро Кипроски со новинарство се занимава над пет и пол децении, а првите новинарски чекори ги направил во детскиот неделник „Наша просвета“. Како средношколец и студент соработувал со младинските весници „Млад Борец“  и „Студенски збор“. Новинарската кариера ја градел во медиумите Нова Македонија, „Танјуг“, „МИА“, „Макфакс“, Радио Скопје, во програмите на македонски јазик на Радио Дојче веле и Радио Берлин, пишувал за изданијата на НИП „Вјесник“ Загреб,  неделниците „Журнал“,„Екран“ и многу други. Како матична куќа го има Радио Гостивар, каде работел како новинар – уредник на емисиите на македонски јазик. Од 1993 до 1998 година бил член на Претседателството на Здружението на новинарите на Македонија.

Автор е на тринаесет книги и монографии, меѓу кои „Галичник засекогаш“, „Манастир Свети пророк Илија-Долно Јеловце“ , „Сага за македонските воени пилоти“ „Духовните светилишта на гостиварското архијерејско намесништво“, „Поглед низ времето“ итн.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 3 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 4 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 2 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Македонијапред 4 недели

Се намалува цената на горивата од полноќ

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена