Поврзи се со нас

Рецепти

Домашен сок од нане за освежување во топлите денови

Објавено

на

Во овие топли денови најдобро е да пиете вода. Покрај водата, обично се препорачуваат разладени чаеви од билки и пијалоци направени од природни сокови и сирупи. На сите им се советува да избегнуваат газирани и сокови полни со концентрирани шеќери, бидејќи тие само моментално ја гаснат жедта и го зголемуваат нивото на шеќер во организмот.

Сируп кој ќе ви даде освежување, а во исто време ќе направи здивот да остане свеж, можете да направите дома без никаква мака. Овој сируп од нане кој се пие разреден и ладен, веднаш ќе го разолади и освежи вашето тело.

Постапката за подготовка е иста како и за подготовка на кој било друг сируп – сируп од бозел, багрем и слично.

Потребни состојки :

еден литар вода

килограм шеќер

половина лимон

10 грама лимонска киселина (две лажички)

10 гранчиња нане.

Начин на подготовка :

Свежото нане измијте го со вода и исечкајте го. Така исецкано измешајте го со шеќерот и лимонската киселина. Прелијте го со водата и оставеете да одстои 24 часа.

Во зависност од тоа колку сируп сакате да направите или колку нане имате, понатамошните размери се 20 гранчиња – 2 литри вода, 2 килограми шеќер и така натаму.

Во секој случај, овој сируп ќе го обожавате, како поради неговиот освежителен вкус за овие топли денови, така и поради фактот дека нането ќе ви го направи здивот свеж и пријатен. А тоа е двојна корист.

Уживајте!

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена