Поврзи се со нас

Македонија

Доста е со времињата кога имаше избори на секои две години, вели Ковачевски

Објавено

на

    Со бојкот, не се бојкотираат Владата или Парламентот, туку се бојкотираат граѓаните и компаниите кои имаат интерес од законските решенија што се носат, изјави вечерва премиерот Димитар Ковачевски по најавите на опозицијата дека од утре ќе ја бојкотира работата на Собранието.

    – Во Собранието постојат комисии во чија работа учествуваат сите политички партии, односно пратеници. Тоа е местото каде што треба да се отвори дебата по однос на сите законски решенија, рече Ковачевски на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“.

    За лидерската средба што ја побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски рече дека таа не била побарана за да се решаваат проблемите во државата, туку да се седне и да се договори датум за предвремени избори. Таквата понуда, според Ковачевски, е неискрен чекор со цел остварување на дневно-политички цели.

    – Ние веднаш одговоривме, и јас како премиер и СДСМ и другите политички партии во коалицијата, дека во државата имаме комплетно легитимна Влада која успешно се справува со сите предизвици и дека во моментов во едни такви услови најмалку што и е потребно на државата се избори бидејќи знаеме дека изборите се период кога комплетно замира економската активност, кога практично сите процеси се насочуваат кон организирање избори и тоа би бил уште еден товар врз македонската економија, смета Ковачевски.

    Повтори дека избори ќе има во 2024 година, прво претседателски, па парламентарни, во својот редовен термин.

    – Доста е од времињата кога се правеа избори на две години, рече Ковачевски.

    Тој потенцира дека оваа Влада докажала дека низ дијалог ги носи сите одлуки, особено најзначајните притоа посочувајќи ги одлуките за покачувањето на минималната плата и пензиите.

    Премиерот додаде и дека кога се формирале работните групи со Република Бугарија, опозицијата била повикана да учествува во работните групи, но дека тоа било одбиено.

    За сите крупни стратешки одлуки кога ќе има документи за кои ќе може да се разговара, вели Ковачевски, ќе се разговара на лидерско ниво.

    – Но, да се разговараат сите законски решенија и сите мерки на ниво на експерти тоа значи едно класично дерогирање на Парламентот. Јас сметам дека имаме функционален Парламент со пратеници кои веќе имаат и неколку мандати, но искуство имаат и останатите, да отворат сериозна дебата за сите закони кои се предлагаат и сите закони кои треба да се унапредат, вели Ковачевски.

    Според него, едно е да се предложи подобро решение, но сосема друго е да се блокира нешто по 20 месеци и да не се става на дневен ред.

    – Сосема е во ред секое законско решение да помине низ парламентарна расправа, во комисиите, некогаш и јавни расправи, каде ќе биде повикувана и експертската јавност кои ќе можат да дадат свој придонес, рече Ковачевски.

    Додаде дека во земјава не е пракса законите да се носат со европско знаменце. Законите кои се суштински, вели, не се со европско знаменце, затоа што треба да се исполнат некои критериуми за да одреден закон биде со европско знаменце.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 1 час

    Од утре (четврток) времен режим на ул.„Беличица“, почнуваат работите за реконструкција

    Гостиварпред 4 часа

    Во Гостивар лишено од слобода лице поради кражба на автомобил

    Здравје и убавинапред 7 часа

    Добра конзервирана храна што вреди да ја имате при рака

    Гостиварпред 9 часа

    Метео аларм за дожд, ветер и грмежи

    Македонијапред 22 часа

    Законски регулирана дополнителната и сезонската работа

    Културапред 23 часа

    „Од Вардар за Вардар“ – Јубилеен концерт на хорот „Вардар“ во Гостивар

    Гостиварпред 1 ден

    Општина Гостивар за протестот на земјоделците: Некои од критиките се неосновани и претерани, ќе се заложиме за соодветно решение

    Гостиварпред 1 ден

    Протест на земјоделци од полошко: Ќе ги блокираме Гостивар и општината ако не се отвори каналот за наводнување

    Македонијапред 1 ден

    Минималните трошоци во мај зголемени за околу 20 евра

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена