Локални избори 2022
ДПА одржа завршен изборен митинг во Гостивар
ДПА вечерва во Гостивар одржа завршен митинг, во рамки на кампањата за Локалните избори 2021. Во својот говор, кандидатката за градоначалник на Гостивар, Рената Елези нагласи дека Гостивар се соочува со многу проблеми, на кои им треба решение.
„Ќе се ангажирам максимално да го направиме градот и општината подобро место. Се сретнав со многу граѓани на Гостивар, во градот, многу населби и села. Сите имаат барања и потреби. Гостивар има потреба за промени, за капитални инвестиции, за конкретни проекти. Урбаниот хаос секојдневно се зголемува. Гостивар го има Вардар, а нема чиста вода. Гостиварци сакаат да бидат безбедни, а не загрозени од кучиња скитници. Гостивар има потреба за чист воздух, а не граѓаните да дишат загаден воздух од Русино и други диви депонии. Гостивар има потреба од фабрики, за младината да не бега во странство. Се кандидирам и како градоначалник ќе бидам целосно во служба на граѓаните“, рече Елези.
Глас од граѓаните на изборите во недела за кандидатката и за листата на советници од ДПА во Гостивар, побара претседталот на партијата, Мендух Тачи. „Ние сме насочени само кон интересите на граѓаните и нашиот кандидат Елези и советничката листа се вистинскиот избор за вас“, рече Тачи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!