Еден ден со..
ЕДЕН ДЕН СО: Марко Дојоски, актер

Кои се твоите утрински ритуали и навики?
Денот го почнувам со кафе. Еспресо и музика според мене е совршена комбинација за убаво утро и подготовка за обврските во текот на денот.
Како тече еден твој работен ден?
Тешко е да се опише работен ден на еден актер. Актерот работи секогаш и секаде. Работата на себеси кога не сум во процес на создавање лик е тоа што секој актер го прави дури и кога сонува. Секоја подготовка на театарска претстава е различна сама по себе. Секој процес е различен. Пробата е заедничкиот дел на сите подготовки на театарски претстави. Подготовката за проба и пробата се мојот омилен дел од работниот ден. Подготовката почнува заедно со утринското кафе и трае до почеток на пробата. Пробите во театар најчесто се долги, исцрпни и се случува, не секогаш , крајот на пробата да го означи крајот на мојот ден.
Што беше пресудно во одлуката професионално да се занимаваш со актерство?
Првиот момент кога застанав на сцена се чувствував исполнето но не претпоставив дека тука ќе се пронајдам. Пресудната одлука мислам дека ја донесов во гремиорната пред премиерата на ,,Ноќ на боговите,, во далечната 2013-та година. Од тој процес научив многу, видов што значи театар и колку макотрпна работа е тоа. Од тој момент па се до денес јас го имам истиот пристап кон театарот кој низ годините само го надоградувам. Секако има и многу други работи што влијаеја врз мене, но сепак мислам дека тој момент беше пресуден.
Како се чувствуваш кога застануваш на сцена?
Чувството е прекрасно, исполнето, боженствено, затоа што низ секој лик што го создавам го пронаоѓам своето совршено битие.
Џек Николсон или Раде Шербеџија и зошто?
Раде Шербеџија дефинитивно. Затоа што мислиме на сличен јазик. Тој на српско-хрватски јас на македонски , а тоа е многу слично.
Твоето животно мото е…
Да се биде или не?
Кога би добил милион евра на лотарија, што е првото што ќе го направиш?
Ќе престанам да трагам по моите милион долари.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!