Гостивар
Еко акција во Гостивар по повод Денот на планетата Земја

Во Гостивар и низ гостиварските села, денес се спроведе масовна еколошка акција за чистење на отпад. Активноста се организираше по повод 22-ри април, Денот на планетата Земја, а во неа се вклучија гостиварската локална самоуправа, еколошките активисти и ученици од основните и средни училишта.
Акцијата стартуваше од пред општинската зграда, по што учесниците се поделија во групи и собираа отпад на различни локации, во паркот, центарот на градот, кај болницата и некои диви депонии создадени од несовесни граѓани.
„Целта е да се подигне еколошката свест кај луѓето. Секој оној кој денес ќе подигне нешто од земјата, да собере некое ѓубре, нема да му биде сеедно нареден пат кога ќе помисли да фрла. Ние немаме резервна планета и мораме да ја сочуваме, а прв чекор да ја зачуваме нашата планета е да ја одржуваме чиста.“, рече градоначалникот Арбен Таравари, кој и самиот учествуваше во акцијата.
Еколошки акции по повод Денот на планетата Земја беа спроведени и во училишните дворови во основните и средни училишта во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?