Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Епидемиите на дваесеттиот век биле посмртоносни од денешните

Објавено

на

Епидемиите на 20-от век биле посмртоносни од денешните, пишува француската агенција за медиуми “Франс прес”, посочувајќи ја хронологијата во време на паника која денес се шири низ целиот свет поради коронавирусот.

Епидемии на 21 век

Ебола (2013 – 2016)

Најсмртоносната епидемија на хеморагична треска, еболата се прошири од Западна Африка во декември 2013 година и траеше две години. Починаа повеќе од 11.300 лица, претежно во Гана, Либерија и Сиера Леоне.

Првпат идентификувана во 1976 година, еболата е помалку заразна од другите вирусни заболувања, но во исто време е крајно смртоносна бидејќи убива 40 проценти од заразените.

Вирусот повторно се појави во август 2018 година на истокот на Демократска Република Конго каде што досега има земено повеќе од 2.200 лица.

Свински грип (2009 – 2010)

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека 18.500 луѓе починале од таканаречениот „свински грип“ или H1N1, кој првпат беше откриен во Мексико и САД во март 2009 година.

Сепак, бројките презентирани од медицинското списание „Лансет“ се различни и се проценува дека вкупно има меѓу 151.700 и 575.400 мртви.

Состојбата на пандемијата беше објавена од СЗО на 11 јуни 2009 година, а беше смирена од 10 август 2010 година, но се покажа дека вирусот не бил толку смртоносен од што првично стравуваа експертите.

Набрзо беше пронајдена вакцина, но Западот, а особено Европа и СЗО, потоа беа критикувани дека алармираат со преголеми негативни очекувања за време на епидемија, со оглед на тоа дека годишно умираат од 250.000 до 500.000 луѓе од епидемија на грип.

САРС (2002 – 2003)

Тежок акутен респираторен синдром (САРС) се појави во Гуангдонг во јужна Кина во ноември 2002 година и предизвика здравствена криза во 2003 година и особено ја завати цела Азија.

Тој со себе однесе 774 лица, од кои четири петтини беа од Кина и Хонг Конг. Вирусот се пренесе на луѓето и се прошири во околу 30 земји. Стапката на смртност беше 9,5 проценти.

Птичји грип (2003 – 2004)

Птичјиот грип H5N1 уби повеќе од 400 луѓе, претежно во југоисточна Азија, и се појави во 2003 година. Вирусот настанал во живинарски фарми во Хонг Конг, а потоа се пренесе на луѓе. СЗО прогласи здравствена тревога ширум светот, но бројот на смртни случаи не е многу голем.

 

Пандемии од 20 век

СИДА (1981 – до денес)

Убедливо најсмртоносната епидемија на модерното време. Според податоците од организацијата UNAIDS, 32 милиони луѓе починале од оваа болест, која го напаѓа имунолошкиот систем, со што лицето станува неотпорно на инфекции.

Денес, околу 24,5 милиони луѓе ширум светот имаат пристап до ретровирусни лекови кои, доколку се земаат редовно, ја запираат прогресијата на болеста и значително го намалуваат ризикот од инфекција.

 Хонг Конгшки грип (1968 – 1970)

Околу еден милион луѓе се починати од оваа болест, според податоците од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC).

Ширејќи се низ светот од средината на 1968 до 1970 година, болеста особено земала животи на деца. Се појавува во Хонг Конг, се проширува низ Азија и пристигнува во САД кон крајот на 1968. По неколку месеци ја погаѓа Европа, кон крајот на 1969 година.

Епидемиолозите ја паметат како прва пандемија на грип во модерната ера поради зголемената брзина на движење на луѓето.

Азиски грип (1957 – 1958)

Според европските статистики, Азискиот грип предизвика смрт на 1,1 милиони луѓе во Азија.

Пандемијата се случила во два агресивни бранови. Првиот се случува во јужна Кина во февруари 1957 година. По неколку месеци азискиот грип се проширува во Америка и Европа.

Болеста резултирала со сериозни компликации на белите дробови, особено кај постарите лица.

Шпански грип (1918 – 1919)

Шпанскиот грип се појавил во периодот 1918-1919 година и влезе во историјата како најсмртоносната пандемска болест на 20. век.

Експертите проценуваат дека од неа починале меѓу 25 и 50 милиони луѓе.

Иако не е познато каде точно за време на Првата светска војна се појавила оваа болест, се смета дека станува збор за вирус со потекло од Соединетите Американски Држави кој за краток период се раширил низ Европа. Лицата кои биле заразени од вирусот, умирале за неколку дена откако ќе покажеле симптоми на пневмонија.

Овој вирус, кој во Европа се појавил во неколку брана, во последните два предизвикал смртност во кои настрадале воглавно лица на возраст од 20 до 40 години. Поради немање терапија, земјите вовеле мерки како изолацијата, карантинот и личната хигиена. Вирусот со себе однел 100 милиони лица.

Во соработка со Е наука

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена