Поврзи се со нас

Технологија

„Епл“ ја загуби битката, еден полнач за сите мобилни телефони во ЕУ

Објавено

на

Apple ќе мора да го промени конекторот на уредите „iPhone“ што се продаваат во Европа до 2024 година, бидејќи земјите и законодавците на ЕУ се договорија за единствена порта за полнење на мобилни телефони, таблети и камери да биде USB-C.

Ова е прва одлука од ваков вид во светот, откако компаниите не успеаја да се договорат за заедничко решение. Европската комисија се залагаше за една порта за полнење на мобилни уреди пред повеќе од една деценија, пренесува Ројтерс .

Корисниците на телефоните „ајфон“ и „андроид“ долго време се жалат дека мора да користат различни полначи за уредите. Првиот се полни со помош на кабел „Lightning“, додека уредите базирани на „андроид“ системот се напојуваат со USB-C конектор.

„Договорот што го направивме утринава на потрошувачите ќе им донесе заштеда од околу 250 милиони евра. Исто така, ќе овозможи нови технологии како што е безжичното полнење да се појават и созреваат, без да дозволи иновациите да станат извор на фрагментација на пазарот и непријатности на потрошувачите“, рече еврокомесарот за индустрија Тиери Бретон.

Според него, до есента 2024 година USB-C ќе стане заедничка порта за полнење на сите мобилни телефони, таблети и камери во ЕУ, се вели во соопштението на Европскиот парламент.

Комисијата тогаш соопшти дека нема намера да му наштети на Apple и дека одлуката е донесена затоа што и покрај десетгодишните разговори, компаниите не успеале да се договорат за заедничко решение.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 1 час

Велики петок неработен за православните, Први мај и втор ден Велигден неработни за сите граѓани

Гостиварпред 3 часа

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 4 часа

Во Гостивар попладнево настан во чест на Денот на македонскиот јазик

Македонијапред 5 часа

Пролетен распуст од понеделник, по него ден со скратени часови, па неработна среда

Здравје и убавинапред 6 часа

Нискокалорична, а многу хранлива-7 топ бенефити од јадење краставица

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Рокот за поднесување приговори до ДИК истекува денес во 19 часот

Гостиварпред 8 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 18 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена