Вести
Ердоган попушти, се согласи Шведска да влезе во НАТО

Турскиот претседатедл Реџеп Таип Ердоган се согласи да ја поддржи кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, објави синоќа генералниот секретар на западната воена алијанса Јенс Столтенберг. На разговорите со Столтенберг и шведскиот премиер Улф Кристерсон, Ердоган рекол дека ќе се потруди апликацијата на Шведска да биде ратифицирана во турскиот парламент.
„Задоволство ми е да објавам дека претседателот Ердоган се согласи да го проследи протоколот за пристап на Шведска до Големото национално собрание што е можно поскоро и тесно да соработува со собранието за да обезбеди ратификација“, напиша Столтенберг пред прес-конференција на 10 јули во вечерните часови на Твитер.
Турција долго време се спротивставуваше на обидот на Шведска да се приклучи на НАТО, давајќи повеќе причини – вклучително и обвинувања дека шведските власти биле соучесници во исламофобични демонстрации, како што е палењето на Куранот. Што е уште поважно, Турција тврди дека Шведска им дозволува на членовите на курдски терористички групи да дејствуваат, особено на милитантната Курдистанска работничка партија (ПКК). Шведска ги промени своите закони за тероризам претходно оваа година, со што е кривично дело да се биде дел од овие групи, иако тоа сè уште не беше доволно за Турција.
Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО набргу по почетокот на руската инвазија на Украина, на што најмногу се спротивстави Турција, која тврдеше дека двете земји штитат терористи. И додека Ердоган попушти за Финска во април, ситуацијата со Шведска беше неизвесна до самиот почеток на самитот на НАТО во Вилнус.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!