Поврзи се со нас

Гостивар

Фатени над 670 брзи возачи во Гостивар годинава, казнети од 45 до 400 евра

Објавено

на

Во изминатите нешто помалку од два и пол месеци од оваа година, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово вкупно се изречени 2129 мерки за неприлагодена брзина, односно пребрзо возење (Тетово-1453 и Гостивар-676). Најголемиот број од мерките се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место, меѓу кои и за пречекорувања над 50 и 70 километри на час, претежно регистрирани на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и магистралниот пат Гостивар-Кичево, информира полицијата.

„На сите возачи-прекршители во овој период изготвени им се законски предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби и други мерки. Паричните глоби за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност. За оние кои пречекориле многу повеќе од пропишаната брзина ќе следи и времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.“, стои во соопштението од СВР.

Секторот за внатрешни работи Тетово континуирано спроведува вакви контроли, не само на автопатот и тетовските и гостиварските улици, туку и на околните регионални патишта, во различни временски периоди. Полицијата повторно со апел до возачите да не брзаат и да се изложуваат на опасност да предизвикаат сообраќајни несреќи, во кои ќе ги доведат во прашање сопствените и животите на други учесници во сообраќајот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 5 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 2 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена