Гостивар
Филмско разбојништво во атар на Чегране, украдени над 500 кг. марихуана од фабрика за канабис

СВР Тетово информира дека вчера (26.11.2023) околу 23.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во фабрика за марихуана за медицински цели во атар на Чегране, гостиварско, три лица физички нападнале вработен како обезбедување и му одзеле пари и лични предмети, по што со закана со пиштол го затвориле во една просторија.
Според пријавеното, откако си заминале, тој излегол и забележал дека капијата од фабриката била отворена и дека две врати од внатрешниот дел биле искршени.
„Во консултација и координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и било утврдено дека од внатрешноста на објектот лицата одзеле 41 вреќа со вкупно 552,85 килограми марихуана. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.“, извести полицијата.
Во полициското соопштение се наведува дека на 4 октомври од страна на ОКП, по извршена вонредна контрола и претрес со судска наредба, во координација со Комисијата оценување исполнетост на условите во однос на просторот, опремата и кадарот за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство биле констатирани неправилности во работењето на фабриката, одземените насади канабис биле предадени на Агенцијата за управување со одземен имот, по што била поднесена кривична пријава против правното и одговорното лице согласно Законот за контрола на опојни дроги и покрената постапка за одземање на лиценцата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?