Поврзи се со нас

Гостивар

Хуманост на дело: Фирма од Гостивар донира 55 компјутери на деца од социјално ранливите категории

Објавено

на

„Нани Принт“ од Гостивар, дава свој придонес во справувањето во борбата против коронавирусот ставајќи ги во фокус децата и младите. Фирмата ќе донира компјутери на ученици од семејства од социјално ранливите категории, кои во овие тешки времиња не се во состојба да им обезбедат услови за онлајн учење на своите деца.

„Состојбава во која се најдовме со коронавирусот влијае на сите, најпогодени се младите посебно со седењето дома и новиот начин на држење настава за што задолжително е поседување на компјутер. Одлучивме да донираме 55 компјутерски конфигурации на социјално загозени семејства кои имаат дечиња. Компјутерите се наменети токму за таа категорија на граѓани. Сакаме да потенцираме дека предност ќе имаат оние семејства со повеќе дечиња, не значи тоа дека и останатите со едно или две деца не може да аплицираат, но што повеќе деца тоа е поголема веројатноста да добијат, бидејќи реално имаат поголема потреба. Конфигурациите се нови, секој кој има потреба може да не контактира во нашиот локал или на некој од телефонските броеви, па после проверката во социјалниот центар ќе бидат известени“, вели Ќенан Садику од Нани принт.

Како најави Садику, акцијата започнува од понеделник и секој кој има потреба може да поднесе барање во нивниот локал на улица: ЈНА бр: 318, во трговски центар Елкос, или на некој до телефонските броеви на флаерот.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена