Поврзи се со нас

Спорт

ФК Гостивар есенски првак во 2МФЛ

Објавено

на

Викендов се комплетираше 15. коло од Втората македонска фудбалска лига, екипата на Фудбалскиот клуб Гостивар во последниот натпревар од есенскиот дел на првенството славеше на домашен терен против екипата на Караорман од Струга со 5-1, со што ја задржа првата позиција на табелата и е нов есенски првак во ова натпреварување.

Гостиварци по 15 одиграни натпревари се единствената непоразена екипа во лигата, успеаа да запишат 11 победи и 4 нерешени натпревари и со 37 бодови се лидери на табелата пред ФК Вардар со 36 и ФК Воска Спорт со 34 бодови.

Вториот претставник во 2МФЛ од регионот тимот на ФК Беса 1976 од Добридол полусезоната успеа да ја заврши во горниот дел од табелата, со 6 победи, исто толку порази и 3 нерешени натпревари ќе презимат на 7. позиција на табелата.

И третиот претставник во ова второ по ранг фудбалско натпреварување во земјата, ФК Арсими од Чегране имаше одлична полусезона. Дебитантот во лигата успеа по 15 одиграни кола да се најде точно на средината на табелата, со 6 победи, 2 нерешени и 7 порази чегранци пролета ќе ја дочекаат на 8. позиција.

Почетокот на вториот дел од сезоната закажан е за втората половина на февруари.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена