Вести
ФК Гостивар есенски првак во втората МФЛ
Со одигрување на вчерашните натпревари од 14-то коло во Втората македонска фудбалска лига – Запад, заврши есенскиот дел од сезоната. Гостиварскиот тим зимата ќе ја помине на првата позиција на табелата со 25 бодови исто колку има и кичевски Влазрими. ФК Гостивар имаше одлична можност да се издвои сам на табелата, но во последното коло од полусезоната вчера на домашен терен неочекувано загуби од ФК Македонија Ѓорче Петров со (0:2).
Во текот на полусезоната ФК Гостивар имаше подеми и падови во формата. Фудбалерите добро ја отворија сезоната со две победи, после тоа настапи мал пад кога претрпеа два порази и неколку нерешени натпревари, но како се уигруваше екипата така се враќаа и резултатите, со три победи по ред на крајот работите си дојдоа како посакуваа од клубот.
Со презимување на првата позиција клубот ја одработи само половина од работата. Титулата есенски првак сигурно ќе влијае врз самодовербата и ќе биде дополнителен мотив за фудбалерите истото да го повторат и во вториот дел од полусезоната и остварат целта, влез во Првата македонска фудбалска лига.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград