Спорт
ФК Гостивар казнет со одземање три бода, фудбалерот Христовски суспендиран шест месеци
Дисциплинската комисија при ФФМ денес ја објави одлуката со која го казни лидерот во втората лига со одземање на три бода и паричната казна од 1.000 евра, а на фудбалерот Гордијан Христовски изречена му е дисциплинска мерка – забрана на настап во период од шест месеци.
„ФК Гостивар се казнува со одземање на 3 (три) бода и парична казна од 1000 евра поради сторен дисциплински прекршок поврзан со регистрација на фудбалерот Гордијан Христовски. На фудбалерот на ФК Гостивар, Гордијан Христовски му се изрекува дисциплинска мерка – забрана на настап во период од шест месеци поради сторен дисциплински прекршок – член 84, став 1, алинеа 6 од Дисциплинскиот правилник“, објави ФФМ.
ФК Гостивар се најде на удар по настапот на Христовски на мечот со Локомотива од Пехчево, кој според ФИФА правилата, еден играч може да има три клуба во една сезона. Христовски покрај настапот за ФК Гостивар во сезоната 2022/23, играше и за Скопје, Силекс и Тетекс.
Од гостиварскиот клуб веднаш по пријавата се огласија дека сите пријавени фудбалери на ФК Гостивар, настапуваат со лиценца одобрена и добиена од ФФМ.
Гостивар со загубените три бода сега ќе има 40, исто колку и Вардар и Воска Спорт.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар