Вести
ФК Гостивар ќе им исплати 30% на фудбалериоте кои не добија помош од АМС
Со пандемијата на Ковид-19 застанаа сите спортови во земјава, ставајќи ги спортистите и спортските клубови во несакана ситуација.
Фудбалскиот клуб Гостивар одлучи на своите членови кои не беа опфатени од мерките на Агенцијата за млади и спорт да им исплати по 30% од платата иако за тој период немаа никаков ангажман.
Клубот аплцирал за сите играчи, но прифатени биле само 14, на останатите деветмина фудбалери кои биле одбиени од АМС клубот ќе им исплати плати од сопствениот буџет.
„Од Агенцијата за млади и спорт, не им се даде минимална плата на сите играчи, за оние кои беа одбиени, клубот ќе обезбеди средства. Ќе исплатиме 30% од нивната плата, иако тие не беа активни. Ќе останеме лојални на фудбалерите и во овие два месеци“, изјави претседателот на клубот, Валерим Исени.
Фудбалскиот клуб Гостивар имаше амбиции да обезбеди место на табелата кое води во бараж завршницата за влез во Првата лига, но одлуката на ФФМ вторите лиги во земјава да не продожат, ги угаси надежите на гостиварци кои го завршија натпреварувањето на 5. место на табелата, во 2МФЛ – Запад.
Паузата поради коронавирусот, управата на гостиварскиот второлигаш го искористи за санирање на дел од недостатоците, на Градскиот стадион Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград