Поврзи се со нас

Гостивар

Генерацијата ‘68/‘72 од гимназијата во Гостивар прослави половина век од матура

Објавено

на

Овој период од годината е карактеристичен по матурските прослави, како и по собирите со кои се одбележуваат годишнини од матура. Ваквите средби се полни со емоции преку потсетување на средношколските денови, другарувањето, доживувањата…

Генерацијата 1968/1972 од гимназијата во Гостивар, која денес прослави половина век од матурирањето, имаше многу што да раскаже за времето кога ги делеле школските клупи. Гимназискиот двор се исполни со насмеани лица, прегратки, евоцирање спомени…

„Ние сите бевме многу сложни, меѓу нас владееше прекрасно другарство, солидарност, секогаш скромни, без помодарство и што е најважно со голема почит кон професорите. Тоа сакаме да го нагласиме како значаен момент, навистина покажувавме почитување кон професорите, ги слушавме не само она што ни го пренесуваа како знаење, туку и нивните совети, мудри зборови што ни се најдоа понатаму во животот. Во оваа прилика би сакале тоа да го испратиме како порака до сегашните и идните генерации: Да имаат повеќе почит кон професорите и да го ценат нивниот труд и работа“, рече Зора Апостолоска (моминско Сотироска), од организациониот одбор за одбележувањето на златната матура.

Некогашните гимназијалци со задоволство се потсетија на екскурзијата од 1971 година низ тогашна бивша Југославија, потенцирајќи дека им останала во трајно сеќавање на сите. Заеднички заклучок им беше и дека тогашниот директор на училиштето, Мито Антески бил човек за пример, кога станувало збор за ред и дисциплина, но и за пренесување вистински вредности на младите: да градат заедништво, да се почитуваат и поддржуваат секогаш.

Откако средбата беше овековечена со заедничка фотографија пред училиштето, славениците одржаа симболичен час внатре, на кој меѓудругото изразија желба да ја одржат традицијата и да се собираат за годишнини и во иднина.

„Дај боже да се гледаме секогаш вака насмеани и весели, да не служи здравјето и да славиме уште многу јубилеи“, рече Ѓере Герасимоски, од организациониот одбор.

Во оваа генерација на гимназијата имало 4 класа, од кои три на македонски и еден на турски јазик, со вкупно стотина ученици. Многумина од нив понатаму во животот станале успешни доктори, менаџери, професори итн.

Златната матура продолжи со забава и заеднички ручек.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 6 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 10 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 12 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 13 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 14 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 15 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 16 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 17 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена