Гостивар
Гинеколошкото одделение во Гостивар набави современ 4Д ехо апарат за трудниците

Бремените жени од Гостивар повеќе не мора да патуваат во други градови и да се изложуваат на дополнителни трошоци за ехо прегледи со 4Д технологија. Гинеколошко-акушерското одделение во гостиварската болница набави 4Д ултразвук, современ апарат со кој се откриваат евентуални аномалии кај плодот, уште во раните фази на бременоста.
„За ваков преглед пациентките до сега оделе во Скопје, а сега веќе добиваат можност да го направат овде. Останува лекарите да поминат двонеделна обука за добивање на лиценца, со која се стекнуваме со право да издаваме извештаи со резултати.“, вели раководителот на одделението д-р Агим Јакупи.
Протоколот за водење на бременост налага, скринингот со 4Д да го направи секоја трудница, најмалку два пати во текот на бременоста, во 13-тата гестациска недела и во 22-рата. На приватно овој преглед и услуга чинат околу 2000 до 3000 денари, што не е мала сума за буџетот на младите родители.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024