Поврзи се со нас

Вести

Гостивар ќе чека мобилен мониторинг за загаденост на воздухот

Објавено

на

Наместо да добие фиксна мерна станица со која постојано ќе може да се следи  загаденоста на воздухот, Гостивар ќе биде опфатен со проект за мобилен мониторинг на квалитетот на воздухот. Според најавите на Министерството за животна средина, системот ќе биде набавен во текот на годината и ќе кружи низ повеќе градови, меѓу кои и Гостивар. Но, сега за сега, не може точно да се прецизира кога ќе проработи и кога ќе стигне до нашиот град. „За мобилната станица ќе се подготви план за употреба, од причина што таа треба да се искористи за мониторинг на квалитетот на воздухот во повеќе градови каде што не се врши континуирано мерење“, стои во одговорот од Министерството за животна средина.

На прашањето дали за Гостивар се планира поставување на постојана станица од Министерството одговорија дека во Државниот мониторинг систем, тоа не е предвидено. Причината е што системот со 17-те станици во земјава, го задоволувал европскиот минимум за контрола на квалитетот на воздухот. Од таму напоменуваат дека според Законот за квалитет на амбиентниот воздух, мерна станица може да постави и општината, по претходно добиено одобрение од нив.

Додека не се измери точното ниво на штетните ПМ 10 честички, гостиварци може само да погодуваат каков воздух дишат и како тоа влијае врз нивното здравје. Како што и претходно пишувавме, ризик фактори за загаденост постојат: бројни домаќинства што се затоплуваат на дрва, депонијата Русино, која е лоцирана премногу блиску до населените места и не ги задоволува стандардите како и голема фреквенција на возила секојдневно низ градските улици.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 7 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 11 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 13 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 14 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 15 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 16 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 17 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 18 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена