Поврзи се со нас

Гостивар

Ванчо Никодиноски од Гостивар 100 пати дарувал крв, за хуманоста доби плакета од Црвен Крст

Објавено

на

За крвта се вели „Скапоцена течност, што живот значи“. Толку зборови се доволни во целост да се прикаже хуманата димензија на крводарувањето. Гостивар е град што ја негува, шири и промовира хуманоста како највисок чин. Примери има многу, а еден од нив е Ванчо Никодиноски, кој до сега дарувал крв дури 100 пати. Во семејството на крводарители се приклучил во раните 90-ти години и од тогаш редовно подава рака во мисија да помогне, да спаси човечки живот.

„Кога се вработив во болницата во Гостивар во деведесеттите години, почнав да давам крв и станав редовен крводариел. На почетокот дарував четирипати годишно, сега по трипати. Хумано е, значи спасување на живот и секој здрав човек треба да дарува.“, вели 58- годишниот гостиварец, кој денес за својата хуманост доби плакета од Црвениот Крст Гостивар.

Признанието му беше доделено на манифестација што Општинската организација на Црвениот Крст ја организираше во чест на Денот на крводарителството 17 Март.

„На оваа свеченост им укажуваме чест на крводарителите, а како повод е Денот на крводарителството, 17 Март. Исто така, на овој датум се одбележаа и 78 години од постоењето на Црвениот Крст на Република Северна Македонија. Им благодариме од срце на крводарителите за хуманоста“, рече претседателот на гостиварскиот Црвен Крст, Бесник Зеќири.

Покрај Никодиноски, на манифестацијата благодарници добија и јубилејните дарители кои крв дарувале по 25 и по 50 пати.

Пофалници им беа доделени и на институции и установи за соработка и поддршка на крводарувањето во нивните колективи како: Службата за трансфузиологија, општата болница, Националниот парк Маврово, ПС Гостивар, планинарското друштво Шари, ХЕС Маврово и гимназијата во Ростуше.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена