Гостивар
Гостивар завиен во црно по ужасната несреќа која однесе 14 животи

Трагичната сообраќајна несреќа која се случи вчера попладне кај Карпалак, го зави Гостивар во црно. Гостиварци се уште се во шок и неверување од тоа што се случи. Нема зборови со кои може да се опишат болката и голема тага по сограѓаните кои ги загубија животите во несреќата. Загинаа четиринаесет луѓе, а петмина се во тешка состојба и се борат за живот.
Денес и утре се денови на национална жалост, додека Советот на општина Гостивар во 12 часот ќе одржи вонредна седница на која ќе прогласи тридневна жалост.
Градоначалникот Арбен Таравари, ноќеска беше во Скопје да ги посети повредените и да се информира за нивната состојба и изрази сочувство за загинатите. “Денешниот ден е еден од најтешките денови на Гостивар … Во трагичната несреќа, има преживеани, има повредени за кои се молиме … но … исто така има и Загинати! Нека им е лесна земјата! Бог нека им даде сила на семејствата на загинатите за да ги издржат овие страшни загуби! Бог нека ни помогне да бидеме силни во овие моменти на болка, која што е вон секоја имагинација!Гостивар е во жалост“, изјави Таравари.
Според првичните информации, несреќата се случила кога автобус на компанијата „Дурмо Турс“ преминал преку спротивната лента на автопатот, а потоа излетал преку локален пат и се превртел на кров. Синоќа откако местото беше обезбедено започна увид, за кој беше најавено дека продолжува денес. На автобусот ќе се врши вонреден технички преглед. Причините за несреќата ќе се утврдуваат.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
1 Коментар